Ќе се врши обдукција на удавената девојка во Гостивар

105

Ќе се врши бдукција на телото на 17-годишната девојка која вчера беше најдена во реката Вардар, нареди дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар.

– Според првичните информации, девојчето враќајќи се од училиште, поминувало низ градскиот парк во Гостивар, каде била нападната од куче. Бегајќи од кучето, таа паднала во надојдените води на реката. Случајни минувачи се обиделе да и помогнат, но не успеале, соопшти Обвинителството.

Безживотното тело било пронајдено доцна синоќа околу шест километри низводно по течението на Вардар, во близина на селото Балин Дол. Идентификацијата на телото ја извршија членови на семејството на сега починатата. Јавниот обвинител изврши увид и на местото на кое девојката паднала во реката и на местото каде што беше пронајдено нејзиното тело. Беше земен исказ од сведоци со цел да се утврдат точните факти за настанот.

Од МВР информираат дека вчера околу 19,15 часот било пријавено дека во Гостивар, 17 годишнa девојка од село Здуње, гостиварско, бегајќи од кучиња-скитници, паднала во водите на реката Вардар во близина на мостот.

Девојката е пронајдена почината во 22,30 часот  почината во близина на мостот во село Балиндол, гостиварско.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...