Што работа им отвори на градските власти една плочка

Градот ветува засилена контрола и надзор на спомениците поради зачестената појава на оштетување.

1931

Градот Скопје ќе ги санира оштетените делови на спомениците, а ознаките, онаму каде што се отстранети, ќе бидат повторно поставени. Спомениците се оштетени од непознати сторители и од тие причини не може да бидат изречени казни. Вака одговорија од Градот за Плусинфо, на прашање дали е во план повторно да се стави таблата на споменикот „Воин на коњ“ откако по втор пат насилно е тргната.

На неа пишуваше „Во чест на Александар Велики, историска фигура која припаѓа на античката Хеленска историја и цивилизација и на светското културно и историско наследство. Овде е претставен како воин на коњ“.

– Поради зачестената појава на оштетување, Град Скопје во рамките на своите надлежности во наредниот период ќе го засили надзорот врз спомениците, а истите ќе бидат и под засилени инспекциски контроли. Истовремено, апелираме до граѓаните да не ги оштетуваат спомениците – велат од Градот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...