Ќе се воведат десет нови празници за „другите“ од Преамбулата на Уставот

4583

Ќе се воведат десет нови празници за заедниците кои во Преамбулата на Уставот се наведени како „други“. Свој ден за славење ќе добијат Словенците, Унгарците, Полјаците, Балканските Еѓипќани, Хрватите, Црногорците, Ерменците, Бугарите, Грците и Русите кои живеат во Македонија.

Ова е предлогот на група пратеници за измена и дополнување на Законот за празниците на Република Македонија. Пратениците воедно предлагаат и промена на името на законот, во закон за празниците на Република Северна Македонија.

Образложението за воведување на десет нови празници е дека во Македонија покрај заедниците кои таксативно се набројуваат во Преамбулата на Уставот, врз основа на податоците од последниот попис на населението, живеат уште и припадници на етничките заедници на Египќаните, Црногорците, Хрватите, Словенците, Полјаците, Унгарците, Украниците, Русите, Ерменците, Бугарите и Грците. Овие заедници се организирани во соодветни здруженија на граѓани, со што го негуваат својот културен и етнички идентитет.

Со усвојување на предложените изменувања и дополнувања на Законот за празниците ќе се укине дискриминацијата и исклучувањето што го генерира Законот врз припадниците на заедниците кои се познати како „другите“ од Преамбулата. Во рамките на духот на градењето на концептот за развој на едно општество за сите и оваа категорија на граѓани ќе бидат рамноправни и со еднакви можности со останатите граѓани кои имаат право да имаат свој неработен ден, што е значаен за соодветната сопствена историјата, културата и идентитетот на посебната заедница.

Се предлага неработени да бидат 8 февруари, ден на словенската култура, за припадниците на словенечката заедница.

– 15 март, национален ден Унгарците, за припадниците на унгарската заедница.

– 3 мај, национален ден на Пољаците, за припадниците на полската заедница.

–  24 јуни, меѓународен ден на Балканските Египќани, за припадниците на египќанската заедница.

– 25 јуни, национален ден на Хрватите, за припадниците на хрватската заедница.

– 13 јули, национален ден на Црна Гора, за припадниците на црногорската заедница.

– 21 септември, национален ден на Ерменците, за припадниците на ерменската заедница.

– 22 септември, ден на независноста на Бугарија, за припадниците на бугарската заедница.

– 28 октомври, ден на независноста на Грција, за припадниците на грчката заедница.

– 4 ноември, национален ден на Русите, за припадниците на руската заедница.

Предлогот за измени на Законот за празниците веќе е доставен до Собранието, а на него се потпишани пратеници од сите пратенички групи.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...