Ќе се викаме Република Северна Македонија, ќе бидеме Македонци и ќе зборуваме на македонски

Откако Скопје ќе го комплетира целиот процес, договорот ќе треба да биде ратификуван од грчкиот парламент, а во истовреме ќе се изврши и ратификацијата за членството на земјата во НАТО.

7745

Во договорот кој ќе го потпишат македонскиот и грчкиот премиер, Зоран Заев и Алексис Ципрас, ќе стои дека договореното име за „ерга омнес“ е Република Северна Македонија со превод на англиски (Republic of North Macedonia).

Грчките медиуми, весникот Еифемерида и Радио 24/7, пишуваат дека ќе следува и промена на Уставот во нашата земја.

Јазикот ќе биде македонски со фуснота дека е дел од словенската група јазици, а придавката „македонско“ ќе се користи и во графата за државјанство каде ќе пишува Македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, со, според грчките медиуми, експлицитно наведување дека граѓаните на таа држава не се поврзани со античката грчка цивилизација.

Кога се во прашање уставните промени, од Уставот ќе треба да се избрише членот кој предвидува грижа за „македонското малцинство“ надвор од границите на државата.

Посебна комисија ќе го договора користењето на трговските заштитни марки од страна на двете држави.

Договорот прво ќе треба да се ратификува во македонскиот парламент. Ако претседателот Ѓорге Иванов одбие да го потпише Договорот, како што се очекува, веднаш треба да уследи второ гласање.

Грчката влада со писмо ќе ги информира ЕУ и НАТО дека охрабрува почеток на преговори со ЕУ и добивање покана за членство во Алијансата, откако ќе се извршат уставни промени.

На Советот на министри за надворешни работи на ЕУ и на Самитот на ЕУ Грција ќе бара да ѝ биде даден позитивен сигнал на Македонија, и покрај противењето на Франција и Холандија, но со поддршка на Германија.

На НАТО самитот на 11 јули во Брисел, Република Северна Македонија ќе добие покана за членство во НАТО која ќе зависи од уставната ревизија.

Македонскиот премиер Заев со писмо ќе ги информира 190 земји членки на ОН дека земјата во иднина ќе го користи името Република Северна Македонија во билатералните односи и во меѓународните форуми.

Во периодот од јули до октомври македонската влада треба да организира референдум и ако резултатот е позитивен, ќе се продолжи со уставна ревизија. Доколку резултатот е негативен, планот „Б“ е да се свикаат предвремени парламентарни избори кои во истовреме ќе бидат и своевиден референдум за името.

Откако Скопје ќе го комплетира целиот процес, договорот ќе треба да биде ратификуван од грчкиот парламент, а во истовреме ќе се изврши и ратификацијата за членството на земјата во НАТО.

По разговорот на Заев и Нимиц, кој е закажан за денеска попладне, Ципрас ќе ги информира лидерите на политичките партии во земјата и претседателот Прокопис Павлопулос. Тој ќе објави проглас за договорот кој ќе го потпишат со Заев во Преспа, најверојатно во текот на претстојниот викенд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...