Ќе се бараат пари за коридори на автобуско метро

669

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои информација за воведување на БРТ (Bus Rapid Transit) на територијата на Град Скопје, кој претпоставува воспоставување коридори резервирани исклучиво за капацитетни автобуси на електричен, или
хибриден погон (плин и електромотори).

Овој систем, соопшти вечерва владиниот Сектор за односи со јавноста, коридори на популарно нареченото автобуско метро ќе овозможи траса која е физички издвоена од останатите учесници во сообраќајот со што се обезбедува многу побрз и побезбеден транспорт, што ќе го направи јавниот превоз атрактивен и алтернатива на користењето на приватните возила за да се намали аерозагадувањето.

Во врска со оваа точка, Владата го задолжи Министерството за финансии да ја започне постапката со писмо за намери до Европската банка за обнова и развој за поддршка за изработка на физибилити студија, како и за можните опции за финансирање на комплетниот проект.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...