Во врска со вчерашната одлука на Владата на РМ за утврдување на најниската плата за најнизок степен на сложеност и за начинот на пресметување и исплата на платите во здравствената дејност, денеска министерот за здравство Венко Филипче, оствари работна средба со претседателот на самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на РМ, Љубиша Каранфиловски. Тој во името на синдикатот ја поздрави одлуката на Владата на РМ за зголемувањето на платите за 5% за сите 19.123 вработени во јавните здравствени установи, соопштуваат од Министерството за здравство.
-Со предвиденото покачување, во продолжение презентираме симулации низ апсолутни бројки во врска со покачувањето на бруто платите:
На докторите специјалисти на универзитетските клиники за хируршки болести, покачувањето ќе биде во просек за 4.548 денари;
На докторите специјалисти на универзитетските интерни клиники во просек за 3.756 денари;
Лекарите специјалисти во општите болници ќе земаат плата поголема за околу 4.060 денари;
На средно-медицинскиот кадар во универзитетските клиники и општите болниципокачувањето ќе биде за околу 1500 денари.
Потенцираме дека со потпишувањето на Спогодбата ќе се зголемат платите на сите вработени во јавните здравствени установи, стои во соопштението.
Оттаму додаваат дека зголемувањето ќе започнело да се применува со исплатата на септемвриската плата и тоа значело реализација на уште една точка од Програмата за работа на оваа Влада на Република Македонија.