Министерството за здравство е во финална фаза на изработка на Националната листа за трансплантации на бубрези и до крајот на октомври на листата ќе има повеќе од 150 хла типизирани пациенти на дијализа кои имаат потреба од бубрег, соопштија
од Министерството за здравство
Националната Листа е изработена по примерот на Еуротрансплант и прва ваква во нашата држава.
Министерството за здравство веќе склучи договори за соработка со болници од Израел и Турција, а во преговори е и соработка со центри во Словенија, Хрватска и Австрија, како и потпишување на договор со Еуротрансплант кој ќе овозможи размена на органи со нам блиски земји членки на Еуротрансплант.
Годинава, покрај трансплантациите од жив донор, направени се и 4 кадаверични трансплантации и 8 пациенти на дијализа добија шанса за нормален живот со бубрегот од починат донор. Планирано е оваа бројка двојно да се зголеми во 2020 година.
Паралелно, со трансплантацијата на бубрег, се прават подготовки и за трансплантација на срце и црн дроб. Тим на експерти кардиохирурзи, кардиолози и интернисти се во координација и веќе се работи на изработка и на Национална листа за трансплантација на срце, а паралелно со тоа и на финиширање на подготовките за практична реализација на трансплантацијата. Целта е идната година да се направи и трансплантација на црн дроб во земјава.
Планираме идната година да ја посветиме на камања на подигнување на свеста за органодонорството во Северна Македонија. Секој подарен орган е спасен живот. За нас, како Министерство ова е мотивот за работа. Сериозниот пристап, работата и ставот кој го имаме кон вакви чувствителни теми, како и досега се имератив и ќе продолжиме во таа насока.
Трансплантацијата и грижата за нејзино унапредување ќе останат над дневно политичките теми. Секој спасен живот е мотив да продолжиме да работиме на унапредување на здравствениот систем.
Министерството за здравство годинава ќе го одбележи Денот на органодонрството во вторник на 15ти октомври со Стручна дебата на тема Трансплантација, на која ќе присуствуваат еминентни личности вклучени во трансплантацијата во земјава.