Ќе прифати ли Владата да изгради 14 базени?

985

Владата денеска на седница треба да донесе мислење за Информацијата за реализација на Проектот за изградба на 14 пливачки базени, на предлог на Агенцијата за млади и спорт.

На редовната владина седница Министерството за локална самоуправа ќе ја презентира Информацијата за спроведување на активностите за поддршка на приватниот сектор од страна на центрите за развој на планските региони – регионални бизнис центри, а треба да биде разгледана и Информацијата за учество на македонската делегација на 8. Самит на шефови на влади на процесот за соработка на Народна Република Кина со земјите од Централна и Источна Европа.

Владината прес-служба информира дека Собранието за мислење на Владата на денешната седница ѝ ја доставило Регулаторната стратегија за развој на аудио и аудиовизуелната дејност.

На седницата ќе биде разгледана и Информацијата за распределба на средства од Програма за распределба на средства од игри на среќа и забавни игри за 2019 година за финансирање на националните спортски федерации и проекти на Агенцијата за млади и спорт за унапредување на спортот во Република Северна Македонија, како и Информацијата за имплементацијата на Националниот план за управување со квалитет во јавниот сектор за периодот 2018-2020 година, на предлог на Министерството за информатичко општество и администрација.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...