Ќе му се суди ли на Груевски во отсуство и за автопатиштата?

451
ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI

Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за „Траекторија” во кој обвинети се неколку поранешни функционери дека ги пречекориле овластувањата при изборот на компанија за изградбата на автопатските делници до Штип и Охрид.

Судот треба да реши како понатаму ќе се одвива судењето, имајќи предвид дека еден од обвинетите е поранешниот премиер Никола Гуевски кој е во бегство во Унгарија.

На експремиерот во отсуство ќе му суди во случајот „Насилство во Центар“, а одлука како ќе продолжи судењето за него, утре треба да се донесе и за случајот „Титаник“.

Во „Траекторија“ обвинети се и ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој е во притвор во затворот „Скопје“, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и поранешниот директор на ЈП Државни патишта Љупчо Георгиевски.

Според обвинението на СЈО, тие во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Со тоа, според СЈО, му нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155 милиони евра и за истиот износ на компанијата изведувач ѝ овозможиле да се стекне со имотна корист.

ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...