Ќе им се судело горе… Абе ај…

Да ги гледаше имаше бре мамето мамино да им го расплачеш уште сеа, а не да им судиш откако ќе умрат. Тибам Уставот господски, да тибам.

1005

„И ќе дојде денот кога сите мртви ќе воскреснат за да им се суди на небото. Оние коие грешеле ќе одат во пеколот, оние кои биле праведни и чесни ќе одат во Рајот…“

Жими ашимов ќе воскреснат. А ако воскреснеме, ондак ќе ми судат мене и на вкавките ко мене затоа што сум бил глуп и сум ги воспевал додека ме пљачкале, и ја у пекол тие у рај. Абе суди ги сеа док сум жив, тибам Господот да тибам, абе сега да ги видам грешниците у пеколот, овде, на Земјата, мамицу им ибам апашка, не на нобото. Да ги гледам како окапуат по затвори затоа што ме пљачкосувале, ме дотерале на просјачки стап за тие да се нафатираат со небеско богатство заради мојата верба у нив и у тебе, бе Господе. Не тогаш. Ќе дошол денот? Жими куров ќе дојде. Ако си за правда, бе Господе, акни ги апашиве док сме живи, напраи да ги осудат сега, кој ги ебе, бе, брат. Гледаш ли дека се скрши светов од измамници и терористи, млади луѓе сами се убиваат у твое име, убивајќи други недужни, бе, ало, пљачкосувајќи наивни верници, се слушаме ли? Попови, кардинали и оџи го вртат светсково пучанство околу мал прст у твое име, бе заебан, нели гледаш, а трпаат злато и пари до небо? Заеби воскреснуење за судење, суди ги апашите сега, да те видам, и да видам, ама и ти да видиш дека сите ќе почнат да веруат у тебе. И пушти некоја паричка, тибам тоа Господот циција, само свештенициве ги крцкаш со наши пари, ебате бељата, за на секоја миса, молитва, клањање, бацуење икона да ми шиткаат чесност и поштење, а крадат и се луксузираат у пичку матер…

Деца умираат од глад, бе, еј! На земјава верници умираат за вода, гледаш ли? Кај е син ти Исус у Етиопија у Македонија да вади риби од празна плетена кошница, да оживуе мртви дечиња, да спасуе удавени бегалци у Средоземно, да спречуе војни и протести? Кај е, бе? Му шиткате на народов преварантски мантри, ко оние на Камени што го собираат топчето меѓу прсти под кибритчињата и го снемуе ко Коперфилд што ја брише статуата на слободата у Њуорк, ебати тоа семоќниот. Илузионисти се твоиве преваранти на земјава бе Господе, ништо друго. Политичариве го черупаат светов од кај ќе стигнат, гледаш ли? Папата е најбогат у свет, го чуваат ко да си ти, не као обичен добронамерен човек кој шири мир и благосостојби у светот, бе идиоте. Го гледаш ли, бе Господе, оној господин господин Стефан у Македонијава, а? Или оној Реисот, а?

Ма курац гледаш. Да ги гледаше имаше бре мамето мамино да им го расплачеш уште сеа, а не да им судиш откако ќе умрат. Тибам Уставот господски, да тибам. Знаеш ли у што живее господинот господин Стефан? Знаеш ли бе Господе у што се вози, колку луѓе го чуваат, у каков кревет спие, дали пости, или од глад се дебелее у главата и у г’зот, а?

Слушајте, бре, заебани Божји преваранти и овоземски манипулатори и пљачкосувачи, прекинете да се заебавате со верничкиот свет повикувајќи го на миси, молитви, чатења, клањања, на избори и гласања за да ви отворат тезга пуна пари у свештенички и владини чекмеџиња, пизда ли вам лепа материна, и, едино што можете да направите за овоземско покајание, ако е така како што викате, ондак, вие молете му се на Господ да не ве фати земаљска правда, да не ви суди земаљски суд, да ви земе све што сте опљачкале и да фрли дугорочен дожд од евра и долари, може и јени, а може и рубљи врз напатениот ви народ и верници. Нек пушти книжни пари кои ги измисливте за Божја праведност на земјава, и да покаже и докаже дека тој, Господ, постои, и дека таа хартија може да служи само за бришење на задникот и за ништо друго, пред животите на гладните дечиња, пред здравјето и спокојот на возрасните верници и гласачи, а не да ги терате тие да се молат и да гласаат за сопствената божемна среќа верувајќи во вас, додека вие ги крадете и пљачкосуете…

Ќе им се судело горе… Море мрш у пизду материну…

Боки Бургија 2016 п.н.е. Тенкју…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...