Ќе има судење за фаталната несреќа кај Ласкарци, судот го прифати цело обвинение

280
Photo: EPA / Frosina Novakovic

Кривичниот суд во Скопје во целост го одобри обвинителниот акт за сообраќајната несреќа што во февруари годинава се случи кај селото Ласкарци во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени.

– Во однос на повеќе новинарски прашања за обвинителниот акт поврзан со сообраќајната несреќа која на 13 февруари 2019 година се случи кај селото Ласкарци, ја информираме јавноста дека советот за оценка на обвинителниот акт по разгледување и ценење на фактите и доказите приложени во актот, донесе решение со кое обвинението го одобри во целост – соопштија од Судот.

Сега, во АКМИС системот предметот ќе биде распределен на понатамошно постапување, а потоа ќе се закаже и датум за почеток на судскиот процес.

За случајот обвинети се шест лица тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот кои резултираа со тешката сообраќајна несреќа на автобусот на „Дурмо турс“. Обвинети се сопственикот на „Дурмо турс“, одоговрното лице за возниот парк во фирмата, возачот на автобусот, како и тројца вработени во станицата за технички преглед, која инаку е сопственост на газдата на „Дурмо турс“.

Повеќе за обвинителкиот акт прочитајте ТУКА.

Photo: EPA / Frosina Novakovic

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...