Францускиот премиер Едуар Филип денеска соопшти дека ќе биде објавен меѓународен конкурс за архитекти за повторна изградба на централната шилеста кула на катедралата Нотр Дам.
Кулата беше уништена во пожарот кој избувна во понеделникот попладне.
Филип рече дека целта на конкурсот е „кулата на Нотр Дам да биде прилагодена на технологиите и предизвиците на нашето време“.
Францускиот премиер соопшти дека се уште не е завршена проценката на цената за работата на обновата на катедралата.
Претседателот на Франција Емануел Макрон рече дека сака обновата на катедралата да заврши за пет години.
Филип нагласи дека тоа „очигледно е огромен предизвик и историска одговорност“.
ФОТО: EPA / JULIEN DE ROSA