Ќе имаме облачен викенд со локален пороен дожд

260

Времето во земјава ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и краткотрајно засилен ветер особено попладне. Наместа процесите ќе се поинтензивни и проследени со грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од четири до 10, а максималната од 14 до 20 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, од пладне со повремен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до осум степени, а максималната ќе достигне 19 степени.

Продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...