Ќе го славиме ли Цар Самуил неработно заедно со Бугарите?

437
ФОТО: Википедија

Најавата дека со Република Бугарија се утврдува заедничко чествување на празниците Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самуил, отвори дилеми во јавноста – во кои денови ќе се празнуваат новите празници, дали истите ќе бидат прогласени и за неработни денови, со оглед дека два празника (Св. Кирил и Методиј и Св. Климент) веќе ги празнуваме според Законот за празници.

– Во најкус можен рок двете страни се согласија дека ќе ги усогласат датумите и заедничките чествувања на Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самуил, на првиот состанок на меѓувладината комисија меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија – одговараат од Владата на прашање на Плусинфо во врска со тоа дали ќе имаме нови датуми за заедничките празници.

Според Википедија, постојат два можни датума за одбележување на празникот на Цар Самуил – 29. јули е денот кога се одиграла битката на Беласица во 1014 година или 6. октомври – денот кога Цар Самуил починал од срцев удар во 1014 година, два месеци по битката на Беласица.

Цар Самуил бил роден во 958 година.

Од Владата додаваат:

– Нагласуваме притоа дека при секое официјално чествување на овие личности потребно е јасно да се одбележува историската вистина за нашата заедничка историја – појаснуваат од Владата, која, на предлог на Министерството за надворешни работи, на вчерашната седница ја усвои информацијата за првиот состанок на меѓувладината комисија на двете држави за заедничко чествување на овие празници.
Но, од Владата не прецизираат други поединости – дали чествувањето на новите празници ќе биде неработно.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...