Ќе го измочаме Хорхе како бубрежен камен

Тој е вмро-дпмне, вмро-дпмне е тој. Дајте им ја Русија и ќе видите како во рок од две години големата мечка се претвора во флека од шопска салата. Во исцедок од просташтво врз картата на светот.

1906

Луѓето имаат природно право да се качат на Водно и да го обесат на првиот лустер. Да го наденат на некое александриско копје и да го фиксираат во мозаикот на Чемерски. Покрај глупавите здрвености на неговите гардисти. Да го мумифицираат во позата на Лудакот од Паљурци. Да го наредат покрај некоја тараба како мало смешно Чаусешче и да го стрелаат. Без Маја. Молам.

Тој не е политички противник, тој е медицински феномен во служба на една злосторничка политиката. Тој е лудак што го забива својот нож во гумениот чамец на македонските бродоломници. Пред европската Лампедуза. Тој е смртта во изборот меѓу себе и животот. Тој не е политички избор. Тој е манијак кој ја злоупотребува нашата пристојност.

Злосторничка инсталација

Тој е вмро-дпмне, вмро-дпмне е тој.

Дајте им ја Русија и ќе видите како во рок од две години големата мечка се претвора во флека од шопска салата. Во исцедок од просташтво врз картата на светот.

Тие се злосторничка инсталација која во нашите домови влегува преку водоводната и струјна мрежа, преку медиумската и фолклорна шема и преку одложената смрдеа на историските фекалии за кои голем број Македонци мислат дека мирисаат поубаво од парфемите на Том Форд.

Но, во лудостите од овој тип, секогаш има некаков систем. Кај јунакот на нашето време тоа е системот на кој му служи. Не неговиот систем. Тој нема свој систем. Како што ни Груевски нема. Тие се персонификации на еден натперсонален систем кој трансцендира низ историјата и бара неотпорности кај што ќе се појави како чисто зло.

Договорот со Грција го иритира со перфектноста на решенијата на националните и државни прашања. Перфектноста во генералното решение, во тајмингот, во методологијата, во конкретните разработки, во геополитичкиот контекст, во меѓународната логистика и безрезервната поддршка, во елементарната и продлабочена разумност и добронамерност, во елементите, значи, кои го оставаат без текст, без одбрана, без муниција за напад, без ништо, сам со своето злосторство како мајмун среде минирана песочна плажа. Плус перфектност која е толку перфектна што ѝ недостасуваат гаранции за слободата на чипираните идиоти што со негова помош и хипотеката на неговата лична компромитација, ја опљачкаа државата и ја декапацитираа и десубјективизираа до пред конечен крах.

Конечно, тој и неговите вмронски пријатели, убаво разбираат дека договорот со Грција ја доведува Македонија во нова димензија во која за вмро и целата таа одвратна, лажна и злосторничка политика, ќе нема место. Затоа што Македонците ќе разберат дека освен од античкото наследство од кое ќе мора да се откажат под притисок на Грција, ќе треба да се откажат и од вмровското наследство под притисок на разумот и под притисок на историскиот контекст и на неговите стандарди. Под притисок на свеста дека на едно место во исто време не може да постојат и Македонци и вмронци и држава и територија под контрола на вмро. Во вакви околности вмро ќе ја загуби својата супстанца и како вреќа компири во најновиот свиок ќе излета во бездната од отворениот камион со македонските перспективи.

Договорот е конститутивен акт

Се разбира, ние нема да го обесиме. Лустерот во вилата Водно е скап. Поскап од неговото смрдливо тело. Тој нема врат како Села и глава како Заев. Ние не сакаме да влегуваме во институциите дури и кога се против нас. И против здравиот разум. Заев е легалист и никогаш нема да застане зад акција каква што беше таа што Хорхе и неговиот ментор Груевски му ја режираа нему и на Македонија. Тој не е фигура на која на нацијата ѝ се исплатува да потроши еден пуч. Но, ќе мораме да се ослободиме од чудовиштето. Ќе скокаме врз македонската земја и ќе пиеме пиво, колку треба толку, и ќе го измочаме како бубрежен камен. Па ќе го однесеме на мелење во Бањани.

Заедно со нас ќе скокаат: Могерини, Туск, Џонсон, Лавров,да, да, дир Хорхе, Лавров, добро читаш, Стејт департментот, Заев, Ципрас, Борисов, Гарет, Брус Ли и Чак Норис, Кристијано Роналдо и Лионел Меси, нема кој не прочитал и разбрал во тој документ тоа што ти, ѕверу, не гледаш и не разбираш.

На еден изопачен начин со нас ќе скока и онаа багра од пред собранието на која Мицко и централата и даваат разблажени дози на новичок за да ја достигнат врвната форма на будали, отров, демек, од кој не умираат физички, но ментално се претвораат во чудовишта кои си ги јадат сопствените вмронски родители. Нивниот примитивизам, антишиптаризам, антиевропеизам, антиразумност и антинормалност, ќе ни помогнат да се ослободиме од вмровскиот запек, а кој имал запек, добро знае која среќа е кога говното конечно ќе ти излезе од организмот.

Но, да се вратиме на договорот.

Јас мислам дека тоа е конститутивен акт.

На Фејсбук напишав дека договорот не е победа на Македонија над Грција туку е победа на Македонија над самата себе. Над своите стравови и комплекси што ги беше изградила како одбранбена линија меѓу себе и слободниот свет. Како средство за себеизмачување со помош на партнерите од таканаречената политичка елита, специјално на таа од вмровскиот садомазо праисход. Во релативниот однос на силите и внатре и надвор, ова е како победа на МЗТ над Голден стејт. Која беше можна затоа што за МЗТ настапија Стив Кари, Кевин Дурент и Клај Томпсон. Договорот е историски акт со асномска тежина.

Конститутивен акт. Пресен извод од новиот регистер на државите и нациите. Извод од регистерот на родените. На референдумот треба да се гледа како на чин на ослободувањето и прославувањето, а не само како чин на одлучувањето. Зашто, ниту народот нема право да кажува дали ќе живееме или не. Еднаш веќе напишав дека Заев ќе влезе во националниот пантеон пред некои луѓе од химната. Сега го потврдувам тоа. Честитки за резултатот и за идејната основа што ја откри и која го доведе до договорот. Признание и наклон до министерот Димитров. До Османи исто така. Се разбира и до Шекеринска како и до целата влада и до сите нејзини надворешни соработници. Противниците се тука за да ги совладуваме и култивираме. Што на политичката и медиумска сцена, што по судовите и затворите.

За Синоличка Трпкова, овој договор, можеби, е навистина последниот обид да избегнеме територијален и економски распад, а за Катерина Синадиновска битката не е политичка туку цивилизациска. Ги гледаш, ги слушаш скандирањата, им ги гледаш политичките мекотели кои им се идоли и бранители, и сфаќаш дека тука не е можен дијалог, а камоли компромис (па уште и разумен). Тие се во друг век и со друга мисија, целта им се црни дупки. Нашата цел се ѕвездите. Во веков во којшто живееме. Во просторот и времето во коешто сакаме да оставиме наша трага. Знам дека сме повеќе.

Јас се согласувам и со Синоличка и со Катерина.

Нацијата не може да се обедини во аморфноста на општата љубов и добрата волја, туку во критериумите на победникот!

Македонија мора да покаже дека е победник. Протоколот за договорот и самиот договор мора да се спроведат точно така како што се договорени. Тоа што Хорхе и Мицко се против е многу добар знак дека Заев е на вистинскиот пат. Секогаш кога Македонија не знае кој пат да го фати, треба да види кај оди вмро и да фати да бега во спротивен правец.

Единствената лоша работа во договорот со Грција се гаранциите за идентитетот, хахаха. Се заебавам, бе. Но, не се заебавам кога велам дека Македонецот се однесува кон идентитетот како кон стока што ја украл од дуќанот на историјата. Договорот ќе ги избрише снимките од контролните камери.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...