Ќе врне уште утре, од среда потпло

212

Врнежите од дожд што ја зафатија Македонија кон крајот на денот наместа ќе престанат, а веќе од среда се очекува стабилизација на времето со пораст на дневните температури.

Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат дека и во текот на утрешниот ден ќе има услови за локален дожд и ретки грмежи, особено во источните делови од државата. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Стабилизација на времето ќе има од среда кога се очекува и пораст на дневната температура која ќе се движи од 27 до 33 степени. Топлото време ќе се задржи до крајот на неделата, а дневните температури ќе бидат во интервал од 26 до 36 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...