Ќе влезе ли Талат Џафери во трката за шеф на државата?

678

Јас сум претседател на Собранието и останувам на таа функција, одговори Талат Џафери, собранискиот спикер на новинарско прашање дали ќе влезе во трката за шеф на државата на претстојните претседателски избори.

Во врска со идејата, Собранието да избира шеф на државата, Џафери на денешната средба со новинарите, рече дека тоа е опција за која мислење јавно изнесуваат одредени политички партии, но тоа ќе поттикне измена на Уставот.

Претседателските избори ќе бидат закажани на 2 или на 3 февруари, а ќе се одржат на крајот на април или на почетокот на мај.

Претседателот на Собранието истакна дека во текот на минатата година народните избраници ја реализирале предвидената агенда и дека според него законодавниот дом целосно ги оправдал очекувањата на граѓаните.

Тој информираше и за собраниската агенда по новогодишните празници. На 9 јануари треба да се одржи пленарна седница на која ќе се расправа за амандманите на Уставот според преспанскиот договор. Очекувањата на претседателот на Собранието се дека целиот процес ќе заврши до 15 јануари.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...