Ќе блеснат градскиот плоштад и кејот во Куманово

109

На кумановскиот градски плоштад се поставува ново улично осветлување –  информираа денеска од ЈП „Куманово-паркинг“. Поставувањето канделабри со штедливи светилки веќе започна, а денеска и на градскиот кеј почна да се поставува  улично осветлување.

Новото осветлување се очекува да блесне за 20 дена.

– Предвидено е да бидат поставени 61 канделабра на градскиот плоштад и на главниот и на малиот кај центарот за култура. Ова е еден вид на пилот проект преку кој ќе добиеме податоци колку ќе заштедиме со поставување на штедливи светилки – изјави директорот на претпријатието, Фадиљ Шабани.

За замената на постоечкото и поставување на новото осветлување, претпријатието оддели 2,275 милиони денари, без Данок на додадена вредност.

Од денеска се поставуваат и канделабри со штедливи светилки и на градскиот кеј каде дел од сијалиците и столбовите беа оштетени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...