Околу 50 француски пратеници побараа велосипедската трка околу Франција, „Тур де Франс“, да биде запишана во Светската културно и природно наследство.
– „Тур де Франс“ е повеќе од национален симбол, тоа е светски мит. Треба да ги заштитиме симболите на нашата култура, наследство и заеднички живот, напишаа пратениците во заедничката иницијатива, која ја покрена пратеникот на владеачката партија Филип Фолио.
Годинешното 106 издание на најпопуларната велосипедска трка во светот започна на 6 јули во Брисел, треба да трае уште две недели, а во оваа трка учествуваат само избрани велосипедисти кои добиваат специјална покана од организаторите.
Инаку, првиот „Тур де Франс“ бил одржан во далечната 1908 година, и од тогаш традиционално се одржувал секоја година, освен во годините на Првата и Втората светска војна.
фОТО: EPA /KOEN VAN WEEL