Ќерките на министерот Тевдовски му порачуваат: Ти да се вратиш на факултет, а некој друг да биде министер!

Посебно исплашен и возбуден бил додека го чекал раѓањето на првата ќерка, Каја. За втората ќерка, Ема, чекал заедно со поголемата ќерка и очекувањето било полесно и порадосно, а за третата ќерка, Сара, било највесело, чекале сите тројца и сѐ било и полесно и порадосно.

8564

Во младоста бил надежен фудбалер, а сега е доктор по економски науки и речиси две полни години – министер за финансии, функција која ја наследи заедно со долгот од 4,73 милијарди евра. Пред да стане министер, проф.д-р Драган Тевдовски беше професор на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а според неговите студенти и еден од најинспиративните професори во државата.

Во брак е со архитектката Анита, со која имаат три ќерки. Седумгодишната Каја е онаа чие раѓање го очекувал со најголема возбуда и прилично исплашен.

Со следните две ќерки, сѐ било и полесно и повесело. Раѓањето на четиригодишната  Ема го исчекувал со тогаш тригодишната Каја, а за раѓањето на најмалата, едногодишната Сара, друштвото било најголемо па затоа било и највесело.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...