Ќерката на поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков кој синоќа беше притворен го повика обвинителството да даде докази дека нејзиниот татко поседува вила на Халкидики и дека планирал да бега.
Таа на Фејсбук објави дека службената белешка за вилата на Халкидики, каде според обвинителството, Чавков панирал да побегне е измислена.