Најмладата ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп, Тифани (25), пристигна во понеделникот вечер во Белград, а според пишувањата на српските медиуми таму ќе престојува околу 11 дена.
Со неа во Србија пристигнале пријателите, како и нејзиното момче Мајкл Булоз, а екипата ја придружуваат и телохранители кои се грижат патувањето да помине во најдобар ред.
Само што пристигнала во Белград, Тифани отишла во кафуле на Скадарлија и уживала во звуците на балканската музика и специјалитетите. Друштвото се забавувала длабоко во ноќта.
Во вторникот наутро Тифани прошетала и го разгледувала Белград.
– Поздрав од Србија – напишала Тифани на ќирилица покрај фотографијата на која позира со статуата на Карл Малден, американскиот актер со српско потекло.
По разгледувањето на градот Тифани отишла во хотелот во кој отседнала. Поред хотелот ја чекал службен автомобил на американската амбсада со полициски возила. Освен во Белград, засилени се мерките на безбедност и во хотелот. Пред Тифани да се спушти со лифтот, девојката која ја придружува се симнала и ги информирала телохранителите дека наскоро ќе се симне и Тифани.
ФОТО: Инстаграм