Ќерката на Трамп се лекува во Белград? Ја прегледал српски лекар и ѝ дал совети ФОТО

Откако Тифани Трамп во приватен лет минатиот петок слета на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, сите се прашувале која е причината за нејзината посета во Србија.

1413

Тифани Трамп (25), најмладата наследничка на американскиот претседател Доналд Трамп, која во петокот допатувала во Белград, имала закажан преглед кај лекарот по интегративна медицина Момир Дуњиќ, со кого разговарала за својата здравствена состојба и добила совети како да го поправи, дознава „Курир.рс“.

Откако Тифани Трамп во приватен лет минатиот петок слета на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, сите се прашувале која е причината за нејзината посета во Србија.

Таа наводно во Белград дошла, помеѓу останатото, за да се сретне со лекарите кои се занимаваат со интегративна медицина.

Овој вид на лекување, кој е сè уште во развој во Србија, претставува спој на најдоброто од научната медицина и клинички докажаните комплементарни и традиционални гранки на медицината.

На Тифани ѝ биле направени детални прегледи и дадени ѝ се совети како да го подобри начинот на живот низ исхрана и физички активности.

Бидејќи податоците за пациентите се чуваат во најстрога тајност, а особено кога се работи за ќерка на претседателот на САД, никој не знае дали Тифани има одредени здравствени проблеми или на преглед заминала превентивно.

– Не знам кој тоа ви го кажа. На сакам да зборувам за тоа – кратко изјавил докторот Дуњиќ кој не демантирал дека Тифани е негов пациент.

ФОТО: Инстаграм/Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...