Ќерката на Доналд Трамп, Тифани Трамп, пристигнала во Црна Гора пред неколку дена. Српски „Блиц“ успеа да ја „улови“младата милионерка. Тифани со своето момче Мајкл Булос ужива во прошетките и шопингот.
Тифани е сместена во најскапиот хотел во Црна Гора, во Тиват, „Риџент“ и со своето момче спие во најскапиот апартман во кој една ноќевање чини неколку илјади евра. Покрај тоа што во пристаништето имаат укотвена јахта, тие двајца поголемиот дел од дено го поминуваат во хотелот и во рестораните во „Порто Монтенегро“.
Екипата на „Блиц“ ги фотографирала кога појадувале во еден од рестораните на вода.
Тифани јадела морски плодови, а нејзиното момче салата. Младата двојка постојано разменувала нежности.
– Сосема нормално се однесуваат и во ресторанот и на улица. Како сиот нормален свет шетаат и уживаат на крајбрежјето. Немаат проблем ниту со тоа, да ги прашаат минувачите ако нешто ги интересира. Навистина нè воодушевија со своето однесување – рекол за „Блиц“ еден од гостите во ресторанот во кој седеле Тифани и Мајкл.
Исто така, она што се забележува на прв поглед, Тифани последните месеци наталожила килограми, така што каде и да помине ретко кој ја препознава.
Фотографиите од Тифани во Црна Гора можете да ги погледнете тука.