Ќерката на Стивен Спилберг заврши во затвор, а еве како реагирал славниот режисер

Полицијата ја задржала ќерката на оскаровецот во притвор во Нешвил, и покренала кривична пријава за семејно насилство против неа.

4011

Ќерката на славниот холивудски режисер Стивен Спилберг (73) пред една недела му објави на светот дека ќе се посвети на кариерата на порно-глумица, сега повторно привлекува внимание со семејното насилство.

Микаела Спилберг (23) била уапсена во саботата за насилство. Според „Дејли мејл“, полицијата ја задржала ќерката на оскаровецот во притвор во Нешвил, и покренала кривична пријава за семејно насилство против неа.

Свршеникот на Микаела, Чак Панков (47), за „Фокс њуз“ изјавил дека станува збор за недоразбирање.

– Никој не е повреден – рекол Чак, кој е професионален играч на пикадо. Но, тој не сакал да открие каде се случил инцидентот ниту кој учествувал во истиот.

Откако беше уапсена Микаела, некој платил кауција од 1.000 долари во име на нејзиниот татко за да излезе од притвор по 12 часа задолжително задржување. Инаку, откако го привлече вниманието на јавноста, ќерката на славниот оскаровец го заклучи својот профил на Инстаграм со 80.000 луѓе кои ја следат.

Микаела претходно истакна дека нејзиниот славен татко ја поддржува во нејзината кариера на порно-актерка, но и нејзината мајка, сопругата на Стивен, Кејт Капшоу (66).

FOTO: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...