Ќерката на Невзат Бејта вработена во МЕПСО, плата 36.500 денари

707

Ќерката на ексградоначалникот на Гостивар oд ДУИ, Невзат Бејта, Фиторе Бејта Акику е вработена во МЕПСО, избрана е како најдобар кандидат од пријавените на огласот на енергетската компанија.

„На последниот оглас за вработување објавен во согласност со Законот за работни односи на работната позиција референт за набавки во одделот за комерцијални работи вработено е горепосоченото лице како најдобар кандидат од конкурентите на огласот“, одговориле од МЕПСО за „Макфакс“.

Од компанијата одговориле дека договорот за вработување е склучен во четвртокот на 20 декември 2018 година. Работната позиција е референт за набавки, во одделот за комерцијални работи, во службата за комерцијално набавни работи, со виша/висока стручна спрема. Нето-платата што ќе ја добива Фиторе е 36.540 денари, како што било објавено и во огласот за вработување.

Во АД ЕЛЕМ годинава се вработи и ќерката на претседателот на Собранието, Талат Џафери како референт за правни работи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...