Ќерката на Мајкл Џексон стравува дека документарецот ќе стави крај на нејзината кариера

494
ФОТО: Инстаграм

Ќерката на Мајкл Џексон, Парис стравува дека новиот документарен филм за нејзиниот татко, „Напуштајќи го Неверленд“, може да значи крај за нејзината актерска кариера.

Документарецот премиерата во Велика Британија ќе ја има неделава, и во него двајца мажи по име Вејд Робсон и Џејмс Сејфчак говорат за тоа како „кралот на поп-музиката“ сексуално ги злоупотребувал кога тие биле деца.

Парис Џексон „е во паника“ оти ова навраќање на контроверзното сексуално минато на нејзиниот татко, ќе ги натера продуцентите да не ѝ доделуваат улоги во иднина, открива извор близок до глумицата за списанието „Сан“.

Мајкл Џексон почина во 2009 година, а освен Парис, тој ги има и синовите Мајкл Помладиот и Принс.

ФОТО: Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...