Ќерката на Мадона одвај стоела на нозе, па покажала и премногу ФОТО

Убавата Лурдес за важниот настан облекла маичка која ја искористила како фустан со кој одвај го прекрила меѓуножјето.

5761

Ќерката на кралицата на поп музиката Мадона (61) била главна атракција на Модната недела во Лондон поради своето облекување, но и поради однесувањето.

Лурдес Леон (23), која е студентка, го привлекла целото внимание овие денови откако од една ревија се упатила на забава на магазинот „Лов“ во еден луксузен хотел во Лондон, а таму излегувајќи од автомобилот ги покажала своите гаќи.

Убавата Лурдес за важниот настан облекла маичка која ја искористила како фустан со кој одвај го прекрила меѓуножјето, во комбинација со високи чизми до колена, а врз ултракраткиот фустан носела капут со тигрест дезен.

Светските медиуми пишуваат дека излегувајќи од возилото, Лурдес се занишала, а со косата го покрила лицето, и делувало дека секој момент ќе ѝ се слоши.

FOTO: Instagram/Printskrin/Profimedia

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...