Ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, Тифани, пристигна во Белград, а според пишувањата на српските медиуми таму ќе престојува околу 11 дена.
Најмладата ќерка на американскиот претседател синоќа со друштво и со музика се забавувала на Скадарлија.
Тифани, која студира право и се занимава со манекенство, била во придружба на своето момче Мајкл Булос, кој живее во Велика Британија.
Тифани и Мајкл планираат да останат во српската престолнина 11 денови, пренесува „Прва ТВ“.
Денеска околу 10 часот ќерката на Трамп го напуштила хотелот каде што е сместена во друштво на двајца пријатели. За да се скрие од папарацо фотографите ставила качкет, но не го криела доброто расположение. По кратката прошетка седнала во еден ресторан.
ФОТО: EPA/MICHAEL REYNOLDS