Њујорчани бесот ќе го „истураат“ врз бандерите

479

Њујорчани отсега ќе можат да се ослободуваат од своите фрустрации и негативна енергија удирајќи во бандери, односно во посебни жолта „јавна боксерска вреќичка“ закачена на нив.

Загадувањето на воздухот, сообраќајниот метеж, сирените од возилата, судирите со луѓе и постојаната бучава се штетни за нашите нерви. Затоа, тим млади дизајнери од Џорџија, САД, ги создадоа овие перничиња за гнев, коишто прво ќе бидат тестирани во Њујорк.

„Концептот на овие вреќички е да им понудиме на луѓето нешто на кое ќе можат да „ги истурат“ сите свои фрустрации. Мислиме дека на овој начин ќе ги натераме луѓето на поздрав начин да го намалуваат стресот и така, да не го насочуваат кајшто не треба“, соопшти дизајнерското студио „donttakethisthewrongway” (не го сфаќај ова погрешно).

Според истражување објавено од „Њујорк тајмс“, 55 отсто од возрасните Американци одговориле дека се соочуваат со стрес во текот на целиот ден.

За споредба, во Европа, само 35 проценти од возрасните го имаат тој проблем.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...