„Њујорк тајмс“ го објави тајниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за евентуална ескалација на судир со Иран.
Според весникот, на минатонеделниот состанок со советникот за безбедност на Белата куќа Џон Болтон и со в.д. министерот за одбрана Патрик Шанахан претстави нов воен план, според кој е предвидено испраќање на 120.000 американски војници на Блиски Исток.
Таквото сценарио е предвидено ако Иран ги нападне американските сили или го забрза создавањето на нуклеарно оружје.
„Њујорк тајмс“ наведува дека ревизија на планот наредиле припадниците на тврдата линија на американската администрација, предводени од Болтон.
Таквиот развој на настаните укажува на тоа колкаво е влијанието на Болтон, кој според „Њујорк тајмс“ е еден од најопасните „јастреби“ кога станува збор за Иран.
„Њујорк тајмс“ истакнува дека воопшто не може да се насети сали Трамп, кој инсистираше на повлекување на САД од Авганистан и од Сирија, на крај ќе ги испрати американски трупи назад на Блискиот Исток.
ФОТО: EPA / ALEX EDELMAN / POOL