Манчестер Сити е на пат да излезе од битката за титулата, откако загуби на гостувањето кај Њукасл со 1:2 на „Сент Џејмс Парк“.
„Граѓаните“ поведоа уште во 25-тата секунда преку Агуеро, а освен тоа тимот тотално доминираше над противникот и пропушти неколку добри шанси за втор погодок.
До 60-тата минута, поседот на топката на тимот на Пеп Гвардиола беше скоро 80 отсто.
Сепак, по неколку промашувања Рондон ги казни непријатно гостите по гол во 66-тата минута, а Ричи од пенал го донесе пресвртот и победата на домаќините во 83-тата минута.
По дуелот, Сити е втор со 56 поени и е 4 на поени од Ливерпул, кој има и меч помалку.
При победа во својот натпревар утре против Лестер дома, тимот од „Мерсисајд“ повторно ќе има предност од 7 поени пред актуелниот шампион.
Победничката бајка на Оле Гунар Солскјер на чело на Манчестер Јунајтед заврши, откако „црвените ѓаволи“ стигнаа до драматично реми 2:2 со Барнли, среде „Олд Трафорд“.
Гостите одиграа одличен натпревар и на крајот успеаја да ги изненадат домаќините. Така серијата на Оле Гунар застана на осум последователни успеси, а седум од нив беа за првенство.
Со ова реми, Солскјер не успеа да го надмине постигнувањата на Карло Анчелоти и Пеп Гвардиола од последователни победи во елитата на англискиот фудбал.
Резултати од Премиер лигата, 24 коло:
Арсенал – Кардиф 2:1
Фулам – Брајтон 4:2
Хадерсфилд – Евертон 0:1
Вулверхемптон – Вест Хем 3:0
Манчестер Јунајтед – Барнли 2:2
Њукасл – Манчестер Сити 2:1.