Њуз.бг: Москва веќе не може да ја спречи независноста на Украинската и Македонската црква

991

Вселенската патријаршија може да објавува автокефалност на црквите кои сакаат да добијат независност, и без согласност на останатите помесни православни цркви.

Оваа одлука ја донел Архиерејскиот собор на Вселенската патријаршија на состанокот одржан во Истанбул од 1 до 3 септември, а практично значи дека Руската и Српската црква нема да можат да ја спречат независноста на Украинската и на Македонската православна црква, пренесува Њуз.бг.

Вселенскиот патријарх Вартоломеј потсетил дека Руската православана црква без консултации со Вселенската патријаршија со векови си дозволувала самоуправа, наведувајќи ја како пример Киевска митрополија.

– Москва повеќе векови располага со Киевската митрополија без тоа да е дискутирано со Константинопол – истакнал Вартоломеј.

Претходно Руската и Српската црква се изјаснија против независноста на Украинската и на Македонската црква, инсистирајќи на тоа дека за да добијат тие автокефалност, потребно е со тоа да се согласат сите останати православни цркви. Со тоа, Москва и Белград се надеваат дека ќе го блокираат патот на Македонија и Украина кон независност на црквите.

Московскиот патријарх Кирил пред неклку дена беше во Истанбул на средба со вселенскиот патријарх Вартоломеј, во обид да го спречи давањето авфокефалност на Украинската и на Македонската црква. Се очекува до крајот на месецов, Вселенската патријаршија да издаде томос за независност на Украинската црква. Се уште не е познато во која фаза е постапката во однос на Македонската православна црква, пишува Нуз.бг., повикувајчи се на извори во Вселенската патријаршија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...