Љубојна го откажа настапот во Струмица

Забавата продолжува со останатиот дел од учесниците.

4020

Етно бендот Љубојна пред два часа го откажа настапот на граѓанската прослава за НАТО во Струмица, организирана од Владата на Република Македонија, објави Радио СтрумицаНет.

Забавата продолжува со останатиот дел од учесниците.Настапуваат групата „Чалгија соунд систем“ и „Кочани оркестра“.

– Овие денови сме сведоци на големи успеси. Се надевам дека сето ова ќе се валоризира на референдумот кој што ќе биде наесен и граѓаните ќе го кажат своето мислење. Факт е дека Македонија цврсто чекори напред и дека многу брзо ќе станеме и членка на НАТО и членка на ЕУ- изјави министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...