Љубомир Михајловски – Џанго е нов претседател на Адвокатската комора

Љубомир Михајловски-Џанго на јавноста и е познат како поранешен министер за внатрешни работи која ја извршувал од 17 декември 2004 до 26 август 2006.

475

Адвокатот Љубомир Михајловски – Џанго од вчера е нов претседател на Адвокатската комора на Република Македонија. Негови заменици ќе бидат Јелена Ристиќ и Бесим Реџепи.

Љубомир Михајловски-Џанго на јавноста и е познат како поранешен министер за внатрешни работи која ја извршувал од 17 декември 2004 до 26 август 2006.

– Мојата првенствена заложба е да ја држам адвокатурата и Комората подалеку од политиката. Потоа, да се зајакне квалитетот на адвокатурата преку создавање на законски решенија во интерес на адвокатитите и граѓаните, како и во однос на еднаквата положба на адвокатите во постапките. Во таа смисла, моја заложба ќе биде и учеството на адвокатите во подготовката на прописите бидејќи во таа насока од клучно значење се нивните мислења, предлози и сугестии како бранители на човековите права. Исто така, во работата на АКРМ акцент ќе биде ставен и на континуираната едукација на адвокатите, како и  на меѓународната и регионалната соработка на АКРМ. Од големо значење во понатамошниот период е и да се обезбедат подобри услови за работата на Комората – вели новиот претседател на АКРМ за Академик.мк.

За фотелјата претседател на Адвокатската комора се бореа и  Звонко Давидовиќ,  Наташа Трпеновска Тренчевска, Димитар Панчевски и Александар Тортевски.

Со Адвокатската комора досега претседаваше Никола Додевски, кој првично беше адвокат на функционерите на поранешната власт во случаите на СЈО, вклучувајќи го и експремиерот Никола Груевски.

 

фото: Академик.мк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...