Љубителите на мачки од Берн, Швајцарија, одлучиле да им помогнат на нивните домашни и улични миленици со тоа што ќе им направат скали по кои ќе можат да се движат.
Овие скалила ги фотографирала Бриџит Шустер за да се најдат во нејзината четврта книга со наслов „Швајцарски скалила за мачори“. Книгата треба да излезе од печат во септември.
Шустер за прв пат се сретнала со вакви помагала на милениците пред пет години, кога се преселила во Берн.
– Шетајќи се, забележав многу необични скалила. За некој кој доаѓа од страна, овие помагала за мачки ми беа многу интересни – изјавила таа.
Таа ужива фотографирајќи ги овие помагала и постојано е во потрага по нови конструкции на скалила за мачки.
– Почнав да ги фотографирам ваквите изуми за да им ги покажам на други луѓе. Мојата цел е да му дадам значење на ова – додала Шустер.
ФОТО: Brigitte Schuster