Љубе Бошковски-посебен советник за странски инвестиции во кабинетот на Заев

326

Љубе Бошковски ќе биде посебен советник за странски инвестиции во Кабинетот на премиерот Зоран Заев.

Како што потврди од Владата за МИА, Бошковски бил прворангиран од пријавените кандидати кои ги исполнуваат условите на објавениот  конкурс.

Фидан Колев ќе биде посебен советник за транспорт и врски. Тој бил единствен кој ги исполнувал условите на објавениот конкурс.

Посебен советник за развој на мултикултурно општество, интеркултурализам и интеркултурните комуникации ќе биде Рубин Земон, кој бил прворангиран од пријавените кои ги исполнуваат условите на конкурсот.

Фатмир Битиќи е избран за посебен советник за спроведување на Рамковниот договор. Тој бил единствен којшто ги исполнувал условите на објавениот конкурс.

Посебен советник за млади и спорт ќе биде Ѓорѓи Тасев, кој бил единствен којшто ги исполнува условите на објавениот конкурс.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...