„Љубезност“: Да им ги разубавивме празниците на социјално ранливите граѓани

Освен во Скопје, оваа година акцијата се организира и во Струмица.

127

Здружението „Љубезност“ по четврти пат организира хуманитарна акција со цел да им се разубават празниците на бездомниците и социјално ранливите семејства. Апелираат вишокот храна од празнувањето дома или во ресторан да не се фрли, туку да се донира.

Храна се донира постојано – не само за празниците како Нова Година, Божиќ и Велигден, туку отворени пунктови има и секоја сабота пред споменикот на Мајка Тереза. Целта е да се крене свеста кај граѓаните да бидат похумани, но и кај институциите кои треба соодветно да ги згрижат овие лица.

Освен во Скопје, оваа година акцијата се организира и во Струмица. Сите кои сакаат да донираат храна, можат да контактираат здружението на 1-ви и 2-ри јануари на броевите:

078 263 792 – СКОПЈЕ и

077 687 834 – СТРУМИЦА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...