Необична тепачка била пријавена вчера во полиција. Во 15.00 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната С.Ј. од Скопје вчера пријавила дека истиот ден околу 10.00 часот во канцеларија на приватна фирма, додека била на работното место, физички била нападната од М.Б.Ј. сопруга на нејзин колега.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.