Јункер: Турција веднаш да ја прекине воената операција

Турција мора веднаш да ја запре воената операција која е во тек, таа нема да донесе никакви резултати. Ако планот на Турција е да создаде безбедносна зона не очекувајте финансии од Европската Унија, изјави попладнево Јункер.

190
ФОТО: EPA-EFE / STEPHANIE-LECOCQ

Претседателот на Европската Комисија Жан Клод Јункер, пред Европскиот Парламент во Брисел побара од турските власти веднаш да и стават крај на операцијата во Сирија.

– Турција мора веднаш да ја запре воената операција која е во тек, таа нема да донесе никакви резултати. Ако планот на Турција е да создаде безбедносна зона не очекувајте финансии од Европската Унија – изјави попладнево Јункер.

Турските воени сили денеска влегоа во воена офанзива во северниот дел на Сирија чија цел се припадниците на терористичката Исламска држава, но и курдските борци кои Анкара ги обвинува дека соработуваат со движењето за независност на Курдистан во Турција, ПКК. Турските власти оваа партија ја сметаат за терористичка и тврдат дека Курдите подготвуваат „терористички коридор“ на јужната граница.

Офанзивата започна непосредно по напуштањето на американските воени сили на овој дел на Сирија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...