Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, морал да го прекине одморот во Австрија и да замине на итна операција во Луксембург, пренесува британски „Гардијан“.
Како што наведува весникот, Јункер поради проблеми со жолчката морал на итна операција за отстранување на жолчното ќесе.
Тој е на чело на Европската комисија од 2014 година, а мандатот му истекува во октомври.