Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер имаше проблеми со одржувањето рамнотежа на денешниот гала настан на НАТО Самитот во Брисел, на кој присуствуваа сите лидери.
Тие го придржуваа за да може да се движи, а во близина се најде и македонскиот премиер Зоран Заев кој му помогна да се симне по скалите.
– Шефот на Европската комисија, благо речено, не изгледаше добро – коментира полскиот медиум Polsatnews.
Јункер пред еден месец изјави дека има проблеми со движењето, односно има ишијас, а не дека е пијан.