Јункер: На Орбан приоритет му е државата, а не Европа, огромна грешка

Јункер вели дека имал поинакво мислење за Орбан, но го сменил и сега според него, тој помалку се однесува европски и е поагресивен кон ЕК.

303
ФОТО: EPA / MARTIN DIVISEK

Во интервју за „Јуроњуз“ претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер изјави дека не го смета Виктор Орбан за европски лидер.

На прашање дали се чувствива победен од антибриселската кампања на Орбан, тој одговори: – Не, но тој го сакаше токму тоа.

Јункер вели дека имал поинакво мислење за Орбан, но го сменил и сега според него, тој помалку се однесува европски и е поагресивен кон ЕК.

– Во крајот на 80-те Орбан беше херој во Унгарија и затоа имав почит кон него кога се спротистави на советската окупација – објасни Јункер.

– Но, оттогаш тој стана се помалку европски и стана агресивен кон ЕК. Независно што Комисијата направи многу за Унгарија, што Орбан го признава во приватни разговори, но не и јавно – вели Јункер.

На прашање дали го смета Орбан за европски лидер, Јункер одговори:

– Тој е унгарски лидер. Негов приоритет е неговата држава, а не Европа. И тоа е огромна грешка. Ако се интересираме само за сопствената држава без да гледаме во поширок европски контекст, тогаш ние не сме европски лидери туку слепи национални лидери.

ФОТО: EPA / MARTIN DIVISEK

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...