Јункер на клавир ја отсвири „Ода на радоста“

329

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер на маргините на Самитот на Г-20, што се одржува во јапонскиот град Осака, на клавир ја отсвири Химната на ЕУ – „Одата на радоста“.

Фотографија од изведбата на Јункер на Твитер објави портпаролот на Европската комисија, Маргаритис Схинас со коментар: „Одата на радоста на мултилатерализмот“

– Ние веруваме во трговијата, бидејќи таа од полза за нас и за другите. 36 милиони работни места во ЕУ се поддржани од извозот, а речиси 700.000 мали бизниси имаат корист од меѓународната трговија – напиша Схинас под фотографијата.

Официјалната химна на ЕУ е дело на германскиот поет Фридрих Шилер, кое композиторот Лудвиг ван Бетовен го искористил како композиција во неговата Деветта симфонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...