Јуни 2019 – најтопол јуни во последните 140 години

Во јуни е забележано второто најниско ниво на мраз во последните 41 година, односно 10% под просекот за периодот од 1981 до 2010 година.

480

Месецот јуни оваа година е најтоплиот месец во последните 140 години колку што се мерат и бележат температурите, покажува анализата на Националната управа за океани и атмосфера NOAA на САД. Претходно, рекордот го држеше јуни 2016-та година.

Во јуни е забележано второто најниско ниво на мраз во последните 41 година, односно 10% под просекот за периодот од 1981 до 2010 година.

Трендот на загревање би можел да ја постави 2019-та година на местото на една од најтоплите години од 1880-тите години наваму.

Температурите на тлото и на океаните се за 0,95 Целзиусови степени над просекот за 20-тиот век од 15,5 Целзиусови степени.

Рекордно високи температури во јуни беа забележани во делови од централна и источна Европа, Северна Русија, Азија, Африка, Јужна Америка и на делови од Индискиот, Тихиот и Атлантскиот океан.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...