Екипата на Работнички ја одбрани титулата во јуниорската конкуренција (до 18години) откако вчеравечер во финалето од кошаркарскиот Ф4 турнир ги совладаа врсниците од МЗТ Скопје Аеродром со 93:69.
Третото место им припадна на јуниорите од Феникс 2010 кои беа поуспешни од Вардар.
За најкорисен играч (MVP) на турнирот што се играше во „Градски парк“ е прогласен Славчо Темелковски од Работнички.
ФОТО: Фејсбук