Јунајтед се откажал од Де Лихт заради дебелината на татко му

448
ФОТО: ЕПА / SEBASTIEN NOGIER

Тимот на Манчестер Јунајтед ја пропуштил можноста да потпише со 19-годишниот капитен на Ајакс, Матаис Де Лихт минатото лето, бидејќи во клубот стравуваат за неговата тежина, тврди „Мирор“.

Според изданието, клупскиот скаут Марсел Боут подетално го набљудувал Де Лихт минатата сезона и го препорачал на „црвените ѓаволи“. Тој сепак додал дека таткото на играчот бил со извонредно прекумерна тежина, и ја споделил загриженоста дека дефанзивецот ќе тргне по истиот пат и така ќе загуби од своите брзина и сила.

Токму холандскиот репрезентативец бил првиот избор на Жозе Мурињо за јакнење на дефанзивната линија на Јунајтед во минатогодишниот летен преоден рок, но поради оваа информација шефовите на клубот ставиле вето на ваквата зделка.

Се смета дека моменталната цена на Де Лихт е околу 75 милиони фунти, а интерес кон него имаат неколку европски гиганти, меѓу кои Барселона, Манчестер Сити, Јувентус и Баерн (Минхен).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...