Манчестер јунајтед е на врвот на интересна листа во сезоната 2018/19. Се работи за најмногу одиграни минути, на играчи кои дојдоа од клупската академија.
„Црвените ѓаволи“ се пред Тотенхем со големо водство и го наследуваат Арсенал во овој вид конкуренција.
Фудбалерите од Манчестер Јунајтед добија 9.334 минути, а најмногу учествуваа Пол Погба (3.245), Маркус Рушфорд (2.494) и Џеси Лингард (1.765).
Втор е тимот на Тотенхем, во кој се наоѓаат имињата на Хари Кејн, Дани Роуз и Хари Винкс. „Петлите“ им дадоа на овие и на други играчи 6.887 минути.
На третото место е Кристал Палас со 6.602.
Шампионот Манчестер Сити е на другиот пол. Фудбалерите на школата на „граѓаните“ имаат добиено само 371 минути во текот на изминатата кампања, сите на сметката на Фил Фоден.
Целосната листа:
1. Манчестер Јунајтед – 9.334 минути;
2. Тотенхем – 6.887;
3. Кристал Палас – 6.602;
4. Вест Хем – 6.344;
5. Саутемптон – 5.866;
6. Лестер – 5.159;
7. Арсенал – 4.976;
8. Хадерсфилд – 3.771;
9. Брајтон – 3.376;
10. Фулам – 3.176;
11. Њукасл – 2.896;
12. Ливерпул – 2.600;
13. Челзи – 2.202;
14. Кардиф – 2.118;
15. Ватфорд – 2.070;
16. Евертон – 1.959;
17. Барнли – 1.683;
18. Вулверхемптон – 766;
19. Борнемут – 654;
20. Манчестер Сити – 371.
ФОТО: EPA / NEIL HALL