Јужен ветер донесе летен ден денеска

492

Под влијание на јужно воздушно струење следува период на топло време со умерен, а повремено ќе дува засилен југоисточен ветер, особено во средината на неделата што следи.

Денеска во западните делови од земјата ќе има услови за краткотраен дожд. Брзината на ветерот од јужен правец ќе се засилува се очекува да достигнува до околу 60 километри на час.

Температурата на воздухот ќе биде над просекот за овој период од годината. Од сабота се очекува воздушното струење да биде од северен правец и температурата ќе опаѓа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...