Прашањето за тоа каде Мауро Икарди ќе игра во новата сезона останува отворено, но напаѓачот на Интер, најверојатно, ќе се пресели во редовите на шампионот Јувентус. Водечките изданија на Апенините се едногласни дека клубот од Торино веќе презеде конкретни чекори за привлекување на Аргентинецот. Спортскиот директор на Јуве, Фабио Паратичи се состана на Ибица со неговата сопруга, Ванда Нара, која исто така е негов личен агент. Понудата на „бјанконерите“ е за 5-годишен договор и плата од 8 милиони евра.
Односите на Икарди со раководството на клубот од Милано не се најдобри и разделбата е неизбежна. Напаѓачот е свесен дека не влага во сметките на Антонио Конте, но досега ги одби сите опции за трансфер и ќе прифати само трансфер во Јувентус.
Големата цел на Интер е Ромелу Лукаку, кој ќе ги чини „нероазурите“ околу 70 милиони евра. Прво, сепак, Икарди мора да биде продаден. Од Јуве се подготвени со понуда од 60 милиони евра. Гигантот од Торино, исто така, ќе се обиде да го вклучи Гонзало Игуаин во договорот. Новата тренер на „старата дама“, Маурицио Сари е фан на Икарди и би сакал да биде во неговиот состав.
Наполи исто е заинтересиран за ѕвездата на Интер, но приоритет за клубот од „Сан Паоло“ е ангажманот на Хамес Родригез, кој е љубимец на Карло Анчелоти.
ФОТО: Инстаграм